Синот на Амди Бајрам го претепа потпредседателот на ОИК во Шуто Оризари

Од:

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Елвис Бајрам, инаку син на актуелниот пратеник од владеачката коалиција, Амди Бајрам, го претепал потпретседателот на изборната комисија во општината, вели шефот на кабинетот на Неждет Мустафа од Обединетата партија за еманципација на Ромите, пренесе 24 Вести.

Денеска Елвис Бајрам влегол во просториите на ДИК во општината Шуто Оризари и без никаква причина го нападнал потпредседателот на општинската изборна комисија и му нанел телесни повреди, по што бил пренесен во болница.

Телевизијата 24 Вести се обидела да стапи во контакт со Елвис и со Амди Бајрам но тие не одговараат на мобилните телефони. На телефонот не одговара Амди Бајрам, иако телефонот му е службен, од Собранието.

Би можело да ве интересира

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните, неговата партија погрешно информирала

Жарко Настоски

Амди Бајрам денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел

Жарко Настоски

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19, ќе се спроведе епидемиолошка анкета со неговото семејство и контакти

А1он

Почина Амди Бајрам, имал проблеми со срцето

Ландов

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Доста е за едни државата да биде мајка, за други маќеа

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Бев на Титаник, ама пропадна и се префрлив на друг брод

Ана Ололовска