Еден милион Европејци ја поддржале европската граѓанска иницијатива „Право на вода“ (Right2Water) со која пристапот до вода да биде човеково право, соопшти Европската комисија.
Организаторите на „Право на вода“ потенцираат дека водата е општествено богатство, а не производ.
Потписите се собарни во седум држави, но организаторот најави дека ќе продолжи собирање на потписите.
Пред потписите да биде предадени на ЕК ќе почне процедура за проверка на нивната веродостојност. Предвидени се три месеци за консултации. Ако иницијативата биде признаена за валидна, идејата може да биде вклучена во новото европско законодавство.