„Македонија-Блокира“ во недела ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово

Од:

„Македонија-Блокира“ утре е на блокада на патниот правец Кичево – Охрид кај Другово во периодот од 13:00 до 15:00 часот во рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје.

„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, се вели во соопшетенито на „Македонија-Блокира“.

Би можело да ве интересира

Додека се гласаат уставните промени, пред Собранието едвај стотина граѓани

Наум Локоски

„Македонија блокира“: Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Мицкоски глуми дека го брани името, а на странците им ветил дека нема да ги попречува уставните измени

Наум Локоски

Бачев: Бејли и Стивенсон вршат притисок врз пратеници заклучени во Собрание

Наум Локоски

ВИДЕО: Четворица приведени на протестот пред Собранието на РМ

Наум Локоски

Бачев бара од собраниската говорница да се обрати претставник на „Македонија – блокира“

Ана Ололовска