Бутрагењо по ждребот: За Реал Мадрид секој ривал е тежок

Од:

Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо демонстрира претпазливост за ждрепката за осминафиналето на Лигата на Шампионите, кој определи европскиот клупски шампион да се соочи со Ајакс.

– Никогаш не се знае. За нас, сите ривали се тешки. Ја знаеме тежината што секој меч ја носи, а Ајакс е тим кој добро игра. Ова е мешавина на млади и ветерани, дома се исклучително силни. Тоа ќе биде возбудлив судир за гледачите. Два легендарни тима, два историски клуба, кои придонеле за развојот на турнирот. Два тима со офанзивен стил на игра. Тоа сигурно ќе биде многу тежок меч за нас, вели легендата на „кралскиот“ клуб.

Според Аргентинецот, одлучувачките натпревари почнуваат во февруари и март и тоа е моментот кога тимот мора да биде во врвна форма.

– Во овој турнир ако изгубиш, не продолжуваш понатаму. Имаше средби во кои не игравме добро, но сé уште сме во игра и имаме шанси. Сега доаѓа Светското клупско првенство – нова можност да ги задоволиме нашите обожаватели, а потоа и Лигата на шампионите. Знаеш што значи тоа за нас – ние сме шампионски тим. Кога Реал игра натпревар во ЛШ, секој знае што значи тоа и што може да направи овој тим, рече уште Бутрагењо по денешниот ждреб.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска