АВМУ: Можен клиентелистички однос на медиум кон власта

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), при последната редовна проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација извршена на 14 декември годинава, констатира ситуација која, како што посочуваат, може да доведе до појава на клиентелистички однос на медиум кон власта.

-Имено, физичкото лице Виктор Серафимов, сопственик на регионалната Телевизија 3, воедно се јавува како сопственик и на „Авто испитен центар Скопје“, којшто според пишувањата на медиумите, „7 дена по основањето има добиено милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје“. Паралелната сопственост врз радиодифузерот и споменатото правно лице сама по себе не е во колизија со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа остава можност власта да влијае врз уредувачката политика на телевизијата и со тоа да се наруши нејзината уредувачка независност, соопшти АВМУ.

Регулаторот, се вели во соопштението, нема механизми на располагање со кој би ги спречил ваквите појави, ниту, пак, има надлежност за правни лица коишто немаат поврзаност со аудиовизуелната област.

-Агенцијата многупати досега има организирано работилници за професионалните новинарски стандарди и се залага за зајакнување на саморегулацијата и со самото тоа и на интегритетот на новинарите. Сепак, слободата и независноста на медиумите се условени од повеќе фктори. Тоа значи дека власта и државните институции треба да создадат поволна околина за медиумите, односно да покажат интегритет и во пракса да ги преточат заложбите за медиумски реформи со крајна цел слободни, независни и демократски медиуми, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи