Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хот лајн операторки

Од:

Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР, во рамките на кампањата за одбележување на 17-ти декември Меѓународен ден за „стоп“ на насилството врз сексуалните работници најавува дека денеска ќе се одржи традиционалниот Марш на црвениот чадор во 12 часот, пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза.

СТАР-СТАР и сексуалните работници се приклучуваат кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

„Со пораката: „Декриминализација сега!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација”, се наведува во повикот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Црвените чадори маршираа во Скопје: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

ХОПС: За време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници не се случија инциденти

А1он

Меѓународен ден на сексуалните работници: „Ние сме осудувачко општество, кое не прифаќа различности“

Искра Манојлоска

Со измените на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници