Паѓа популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон

Од:

Популарноста на претседателот на Франција, Емануел Макрон се намали за два процента за само еден месец, од ноември до декември, според анкетата на Ифоп објавена за весникот Ле Журнал ди Диманш, само 23% од испитаните изјавиле дека се задоволни од него.

Процентот на испитаници кои велат дека се „задоволни” со Емануел Макрон паѓа од 25 на 23%, додека оние на „незадоволните” се зголемува од 73 на 76%.

Во детали, процентот на испитаници кои велат дека „многу задоволен” останува стабилен на 4%, а „прилично задоволен” се намали од 21 на 19%.

Меѓу „незадоволните”, и „повеќе незадоволни” се помалобројни отколку во ноември (31% наспроти 34%), но од друга страна „многу незадоволните” претставуваат 45% од испитаниците наспроти 39% минатиот месец.

За споредба со претходниците на Емануел Макрон, Франсоа Оланд, по 20 месеци поминати на претседателската функција, од своја страна имаше рејтинг на популарност, малку понизок од тој на сегашниот претседател, 22%, според овој барометар. Никола Саркози истовремено имаше дури 44% од испитаниците кои тогаш изјавија дека се “задоволни”.

Рејтингот на Емануел Макрон по неговиот избор во мај 2017 година беше 62%.

Премиерот Едуард Филип ја има истата судбина како шефот на државата.

Неговиот рејтинг се намалува за три отсто од ноември до декември и сега изнесува 31% на задволни, наспорти 34% во ноември, бројот на „незадоволните” се зголемува од 62 на 66%. По неговото назначување за шеф на владата, Едуард Филип имаше 55% на „задоволни” и неговиот рејтинг го достигна врвот во јуни 2017 година со 64% на ​„задоволни”.

Би можело да ве интересира

Падна владата во Франција

Предраг Петровиќ

Андреа е второто девојче кое исчезна во Франција за неколку дена

Поднесено е барање за гласање недоверба на француската влада

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски