Температурите на рускиот Далечен Исток достигнаа под 50 степени Целзиусови под нулата, соопшти националната метеоролошка служба.
Во селата Ојмакон и Уст Нера во Јакутија утрово термометрите покажаа минус 55 степени, а во градот Верхојанск минус 54 степени. Во градот Сусуман, крај реката Колима и во селото Омолон во Чукотка, биле измерени 50 степени под нулата.
Училиштата на многу места во североисточниот дел на Сибир се затворени, а властите постојано даваат препораки и предупредувања до населението.
Студениот бран ја зафати и Хабаровската област, каде температурите се спуштија до минус 46 степени.