Германскиот фудбалски великан Баерн Минхен ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите без пораз, за првпат по една деценија.
Баварците синоќа, во 6. коло од ЛШ одиграа 3:3 со Ајакс. Во другите натпревари од групата, по два пати ги победија победија Бенфика и АЕК двапати, а со Ајакс на првиот натпревар исто така одигра нерешено.
Германскиот тим заврши на првата позиција, додека Ајакс од второто место влегува во плеј-офот.
Баерн Минхен последен пат групната фаза ја заврши без пораз сезоната 2008/09 кога тренер беше Јирген Клисман.