Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Будимпешта

Од:

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа. Трајковски исто така е советник и во Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО го гони Трајковски за сторено кривично дело насилство, но досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

„Од 5 декември 2018 година користи боледување, уредно пријавено во согласност со интерни акти на Царинската управа. Исто така, информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа ниту, пак, реализирал службено патување во Унгарија“, велат од Царинската управа за „Макфакс“.

Неофицијално, Александар Трајковски вчерутро со лет на „Визер“ заминал за Будимпешта во посета на Груевски. Денеска, Трајковски постојано беше недостапен на мобилниот телефон, а вчера на „Вајбер“ кусо ни одговори: „станува збор за грешка“. Од Царинската управа велат дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот. Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Трајковски ќе биде повикан на разговор за случајот со бегството на Груевски. Јавното обвинителство вели дека случајот е во предистражна постапка и затоа не може да кажат дали ќе го повикаат Трајковски на распит.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека Обвинителството за две недели ќе излезе со првичните резултати од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер.

Последно, Трајковски организираше и протести со слоган „Слобода за Никола Груевски“ по што достави и барање до претседателот Ѓорге Иванов да запре прогонот што се води врз ВМРО-ДПМНЕ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

На 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

СДСМ: Унгарскиот кредит е политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација