Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Од:

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството моли за помош на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, а најблиските и роднините споделуваат на „Фејсбук“ фотографии и информации за исчезнатото момче.

Според објавените информации, станува збор за Пинета Секондо (26), роден во Италија, кој во неделата заминал од дома. @Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров во 22 часот. Излезен е со бела шкода. Ве молам помогнете ми”, апелира неговата мајка на „Фејсбук“.

Од полицијата потврдуваат дека вчера, во 19 часот, во Полициското одделение Петровец, М.Т.(44) од Скопје пријавила дека претходниот ден нејзиниот син П.С.(26) се одалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

На социјалите мрежи кружат апели за помош да се пронајде момчето.

„Бараме хакер што ќе го пробие пасвордот на Фејсбук! Детево се допишувало со ‘девојка од Тетово’ и од вчера е исчезнат! Недостапен е на телефоните!

Дечкото со радост ги очекувал родителите да пристигнат од странство по долго време, требало да ги пречека, но му се губи секоја трага! Пред да почнете со претпоставки, ниту е коцкар, ниту наркоман, ништо од пороци. Нормален дечко од прекрасни родители! Така и ги запознавме, мајка му е најголем хуманист и донатор во нашата организација! Ве молам да ѝ помогнеме да си го најде детето!

Доколку имаме хакер кој сака да помогне за да се најде каква било трага, нека ѝ заѕвони, луѓево не спијат! Ова се броевите од дечкото, тел:078244808 и тел:070252836. Кој може да хакира компјутер или да најде телефон, ве молам пишете ѝна мајката! Не ѕвонете беспотребно ве молам! Мајката е Маја, ‭078246917‬, ова е нејзин број!”, се наведува во апелот објавен на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов