Двократниот европски шампион, Порто, победи со 3-2 против Галатасарај во меч од последното коло во Лигата на шампионите, а средбата понуди многу емоции и заврши радосно и за двата тима – „змејовите“ ја освоија групата, а Турците се префрлаат во Лига Европа.
Во исто време Шалке 04 го победи Локомотив Москва, што донесе мир на тимот на Фатих Терим.
Фелипе (17), Марега (42.пен) и Оливеира (57) беа прецизни за гостите од Португалија, додека за Турците прецизни беа Фегули (45.пен) и Дердук (65).
Во Гелзенкирхен, Александар Шоф го постигна единствениот погодок во 90-тата минута и го нанесе петтиот пораз во шестиот натпревар на рускиот шампион сезонава во турнирот на богатите.
На табелата во групата „Д“, Порто и Шалке се на првите две места исе пласираа во елиминациската фаза на ЛШ, додека Галатасарај заврши трети и ќе игра во Лига Европа. Сезоната во европските натпреварувања пак заврши за тимот од Москва.