Тролејбуси како решение за загадувањето на Кавадарци, препорачува професорот Ангелков

Од:

Тролејбусите се можно решение против загадувањето на Кавадарци, вели за МИА Димитрија Ангелков, професор во екектро машинското училиште “Киро Спанџов-Брко“.

-Засегнат со години од загадувањето во Македонија, како електро-инженер нудам решение на јавниот градски превоз, да се трансформираат сегашните стари автобуси во електро-автобуси со помош на жичари, не со акумулатори. Како функционира ова сум го видел лично во Каунас, Литванија, каде сите стари градски автобуси се трансформирани во електробуси и не постои автобус кој користи нафта како погонско гориво. Ова се решенија што никој не може да ги спречи, освен ние самите, дел од инает, дел од потсмев и незнаење, вели професорот.

Нагласува дека тролејбусот како решение е со пет пати поевтина карта и без загадување.

-Гасификацијата е секако трајно решение и таа е близу Кавадарци, препорачувам надворешна гасификација со цевки однадвор покрај тротоари и објекти како поевтино нешто, но додека да дојде гасот, добро е населението да се топли со користење геотермални пумпи или инвертер клими. Да се даваат субвенции за термоизолациски фасади, да се намалат даноци за градба или да се укинат. Да се користат автомобили на струја и компримиран воздух од страна на тие што можат да си го дозволат тоа, да има рециклирање на отпадот со цел негова употреба за енергија, нагласува професорот.
Порачува дека би било добро секој да слика со мобилниот и да пријавува загадување ако излегува црн чад од оџаците. А да се води сметка и при масовно печење ракија, да не се загадува дополнително.

-Треба да се подигне и свеста за благодетите на пешачењето. Речиси нема семејство без автомобил, а некои имаат и по три. Има кавадарчани кои и за на кафе, на оддалеченост од само неколку метри, палат возила. Потребно е масовно возење на велосипеди, обични и на струја, дециден е професорот.

Учениците да не доаѓаат со коли и мотори на училиште, ова е само една од препораките за намалување на загадувањето во Кавадарци кои ги дава Ангелков. Вели дека најважно е да се зголеми свеста кај кавадарчани, дека со несовесни постапки, самите си ја сечат гранката на која седат.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата