Во Австрија запленети 37,7 милиони евра на италијанската мафија

Од:

Австриските власти денеска запленија 37,7 милиони евра, пари кои се сопственост на италијанската мафија.

Средствата се наоѓале на жиро сметки, вложени во приватна фондација, во фирми и во хартии од вредност.

Парите се на членови на мафијашки клан, кој во јужна Италија управува со илегални игри на среќа.

Илегално зарботените пари се скриени и испрани преку мрежа распространета низ цел свет, изјави портпаролот на Криминалистичката слуќба Винценц Кригс-Ау.

Тие пари во Австрија преку мрежа фирми и фондации користени се за купување на недвижен имот.

Австриските власти дејствувале на барање за правна помош, кое го добиле во средината на минатиот месец од страна на државниот обвинител на италијанскиот регион Калабрија.

Парите се запленети непосредно пред осомничените да подигнат пет милиони евра.

– Овој случај уште еднаш покажа колку е важна прекуграничната соработка во борбата против организираниот криминал. Со тимска работа и професионално и брзо дејствување остварен е овој успех, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија