Слаб снег врне на Попова Шапка, а намалена видливост до 50 метри поради магла има во Маврово, П. Шапка и на планинскиот превој Стража.
Од Македонијапат соопштија дека дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.