Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси имал разговор со претседателот на Аргентинската фудбалска федерација да се врати во репрезентацијата.
Напаѓачот на Барселона се сретнал со Клаудио Тапиа за време на реваншот од финалето на Копа Либертадорес синоќа во Мадрид.
Според „Л’Екип“, тие разговарале за враќањето на Меси во репрезентацијата на Аргентина.
За потсетување, Меси последен пат за „гаучосите“ настапи летото на Светското првенство во Русија.