Збогум за годината на змејот, добредојде за годината на змијата. Кинезите ја дочекаат Лунарната нова година, или позната како кинеска Нова година.
Блескави огномети и семејни прослави, Новата година започна.
Се верува дека огнометот и петардите ги истеруваат лошите духови и го привлекуваат богот на благосотојбата на денот на пристигнувањето на Новата година, и затоа апелот на градскиот татко да се користат помалку петарди поради преголемата загаденост на воздухот во Пекинг, не помогна.
Кинеската Нова Година се прослваува 15 дена и започнува на првиот ден од лунарната година и завршува 15 дена подоцна.
Затоа околу 200 милиони луѓе патуваат да бидат со своите семејства. Во Кина ова е празник на семејството и оддавање почит на претците. Се посетуваат гробовите на починатите и на специјални вечери се споменуваат мртвите, заслужни за тоа што тие денес живеат.
Змијата во Кина, според преданијата, се поврзува со мудроста, убавината и интелегенцијата , но и со вообразеноста, гордоста и гневот, бесот.