Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на поголем број активисти на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека минатата недела полицијата упаднала во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на „Фејсбук“ напиша дека луѓето кај кои влегле специјалците со оружје, биле чесни луѓе кои отворено ја критикувале власта.

Зачестено пишувам за фактите кои го разголуваат црното владеење на оваа Влада. Но ова за што пишувам денес, не е само…

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 07 декември 2018

„Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава“, напиша Мицкоски во својата објава на „Фејсбук“.

Тој напиша и дека ќе продолжат со протестите пред Владата, а во недела повика на протест во Кочани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски