ВИДЕО: Севиља го запозна Роналдо

Од:

Португалскиот репрезентативец во дресот на “кралевите“, Кристијано Роналдо со својот 20-ти хет-трик ја демолираше Севиља на вечерашното дерби во шпанската Примера каде што неговиот тим триумфираше со 4-1.

Прв во листата на стрелци се запиша Карим Бензема во 18-та минута од натпреварот, за подоцна да следува гол-шоуто на Роналдо. Португалецот најпрво во 26-та минута испрати вистинско торпедо кон голот на Севиља, а потоа во 46-та и 59-та минута од мечот донесе водство за “кралевите“ од 4-0. Ману во 87-та минута постигна почесен погодок за Севиља и го постави конечниот резултат кој гласеше 4-1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска