ВИДЕО: Медиумска кампања за можностите за стручно образование во Македонија

Од:

Во Македонија има голем број невработени млади лица, а бизнис секторот не може да обезбеди соодветен стручен кадар што му е потребен. Јазот во понудата и побарувачката на труд се јавува поради недоволниот број ученици кои се одлучуваат за стручно образование. Со цел да се подигне свесноста за значењето на стручното образование и кои можности ги имаат младите со специфичните струки денеска во Владата беше потпишан Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека ваквата состојба Владата се обидува да ја реши преку промена на образовниот систем и поквалитетни и разновидни стручни образовни програми, кои можат да дадат рок за најмалку пет до шест години, но и акутно со мерки за прекфалификација, доквалификација и практиканство кои помагаат за надминување на проблемот.

Тој ппотенцира дека во иднина треба да се работи и на промена на сфаќањето на младите и нивните родители за стручното образование.

-Стручното образование треба да се гледа како можност да се најде работа веднаш по завршување на средно образование, но не и како пречка младите доколку сакаат да го продожат образованието и на Универзитет, рече Анѓушев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вели дека треба да се разбере оти средно стручното образование не ограничува, туку дава можност да се добие прво ниво на знаење, а потоа и квалификации кои подоцна може да не направат експерти во одредена област која сакаме да ја развиваме.

-Нашите млади во моментов се на мост на кој високото образование значи неработење, или дека помалку ќе работите дека ако имате високо општо образование. Но, тоа значи дека и веројатно нема да работите. Ние сме во ситуација во која има голем број невработени по стаистички индикатор, но, индустријата и стопанските момори бараат квалификаувани работници, рече Царовска.

Тоа вели дека линкот помеѓу пазарот на трудот и барањата и понудата е забореавен изминатите години, и комуникацијата меѓу понудата и побарувачката била прекината, нешто што оваа Влада, како што рече, сака да го промени.

Мерките за преквалификација и доквалификација, вели можат да помогнат во надминување на јазот, но оти притоа бизнис секторот мора да го каже што е она што им треба како квалификуван кадар, за да можат средствата да се насочат во правилни мерки. Таа потенцира дека треба да се овозможи лицата кои имаат основно и некомплетирано средно образование да завршат стручно образование и да се вклучат на пазарот на труд.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми вели дека годиниве се зголемил бројот на ученици во стучните училишта, но оти тоа не е доволно, затоа што постојано се зголемува и потребата за стручни кадри. Тој рече дека се работи на унапредување на стручното образование, но и на доближување на придобивките и можностите што произлегуваат од него до учениците.

-Овој тип на образование обезбедува најголема веројатност веднаш по завршување на соодветниот степен на образование поединецот да обезбеди работен ангажман и да го валоризира знаењето, рече Адеми.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски вели дека Македонија има многу слободни работни места и тоа високоплатени, но оти е потребно соосдветно стручно образование

Меморандумот за соработка во име на Владата потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставници на проекти кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД, УНДП и Швајцарската агенција за соработка.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски