Југ: Нинџа и Ченто на 27 април ме бараа поради кучињата, а не за влегување во Собрание

Од:

Обвинетиот Игор Југ за разговорите направени со дел од обвинетите на 27 април рече дека немаат врска со настанот, туку обвинетите го барале бидејќи Југ им ги чувал кучињата па да се распрашаат во врска со тоа.

– Пропуштените повици од Нинџа и Јане Ченто се за нивните кучиња кои им ги чувам. Јас сум не вработен и се занимавам со кучиња, рече Југ.

Југ во денешното сведочење за случувањата од 27 истакна дека е ВМРО, но не и ДПМНЕ.

-За мојата партија јас сум ги вршел сите работи што човек од мој калибар може да ги изврши. Сум работел се, од лепење плакати, до обезбедување конгреси, без никаква материјална надомест. Јас сум од тие што веруваат во идејата. Затоа со 40 мои години и четири деца сум невработен, а мојата жена со високо образование работи во пицерија на шанк за да ги прехрани децата. Гневен сум, се уште сум гневен на тие луѓе, но христијанството ме учи да им простам. И им простувам, ама жив нема да им заборавам, истакна Југ.

– Во 20 часот бев во некоја гужва во Собранието внатре или надвор, не се сеќавам баш најдобро, и имам пропуштен повик од обвинетиот Кољо. Со него потоа се чув, ама видно разочаран ми кажа само дека се подготвуваат некои шатори за мирно протестирање пред Собранието, рече Југ.

Последниот повик од обвинетиот Нинџа е околу 21 часот, ама исто така бев во гужва, не успеавме да оствариме контакт, не се слушаше.

Адвокатот на Југ на почетокот рече дека од видео материјалите на обвинителството се гледа неговото движење во Собранието и само го праша да појасни во својот исказ за неговата комуникација со лицето Борче Шушка.

– Борче Шушка е мој школски другар и нема врска со случувањата на 27 април. Јас и Борче разговараме на кумановски дијалект и малку се извадени од контекст, ама јас стојам на нив. Во однос на првата, нагласувам дека под „тие што ме пратија“ ги подразбирам сите што 60 и повеќе дена го повикуваа народот да излезе на улица и ја брани државата. Јас сум ВМРО, не сум ДПМНЕ. Јас сум ВМРО по идеологија. Во секој нов претседател барам нов Тодор Александров, рече обвинетиот Југ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка