На протестите во Франција повредени 133 лица, уапсени 412

Од:

За време на масовните протести во Франција повредени се 11 лица, а уапсени се 412 демонстранти, соопшти денеска француската полиција.

Францускиот претседател Емануел Макрон одржа вонреден состанок со премиерот Едуард Филип и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и вети дека оние кои учествувале во ширењето на насилството и предизвикале штети, ќе одговараат.

Протестите против покачувањето на цените на горивото вчера во Париз се претворија во хаос.

Активисти од „жолтите елеци“ палеа автомобили, кршеа прозорци, ограбуваа продавници, фрлаа камења врз полицијата и цртаа графити на Триумфалната капија.

Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите и затвори десетина улици и метро-станици.

Француските медиуми јавуваат дека меѓу повредените има најмалку 23 полицајци.

Како што јави МИА, портпаролот на француската Влада Бенџамин Гриво изјави дека Франција размислува да воведе вонредна состојба со цел да се спречи нов хаос.

Во Париз вчера, трет викенд по ред, избија судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите на „жолтите елеци“ поради зголемувањето на цените на горивото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили