Марковиќ: Заев најдобро е да види како нему му избега Груевски

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека е задача на Македонија, а не на Црна Гора, да се грижи поранешниот премиер Никола Греувски да не побегне.

Тој му порача на македонскиот премиер Зоран Заев да се позанимава со прашањето зошто на време не беше распирашана потерница за Груевски.

Коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер, кој пред неколку дена рече дека се чуди што четири земји – пријатели на Македонија, го дозволиле бегството на Груевски преку своите територии, Марковиќ рече дека експремиерот низ Црна Гора поминал целосно законски, со лични документи.

– Влезе во Црна Гора и замина за Србија. Во тој момент, според податоците со кои располагаше Црна Гора, за Груевски не беше распишана потерница, ниту имаше интересирање од Македонија, рече Марковиќ.

– Мојот пријател Заев нека се позанимава со фактот зошто на време не беше распишана потерница за Груевски и како успеа да влезе во земја-членка на ЕУ без пасош – тоа прашање не може да ѝ се постави на Црна Гора, реагираше Марковиќ во интервју за РТЦГ.

Би можело да ве интересира

Го пропушта воведниот меч на Евробаскет – стапна врз морски еж

А1он

Откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

Пожарите сѐ уште се активни во Црна Гора, најкритично е во Подгорица

Андреј Танасковски (18) е осомничен за обидот за убиство на Шкаљарскиот криминалец Марко Љубиша-Кан

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев