Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, може да го пропушти натпреварот од петтата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите против ПСЖ поради болест, објавија англиските медиуми.
Одлуката дали мане ќе игра ќе се донесе по тренингот на тимот во пресрет на заминување во Париз.
Во тековната сезона, Мане одигра 17 натпревари за Ливерпул, постигна седум гола и оствари една асистенција.
Натпреварот ПСЖ – Ливерпул ќе се игра утре (28 ноември), во Париз со почеток во 21 часот.
Ливерпул е лидер на табелата со шест бода, исто толку има и Наполи, ПСЖ е трет со пет, Црвена ѕвезда има четири.