МО: ВМРО-ДПМНЕ имаше 10 години да ја опреми АРМ, но не го сторија тоа, а сега се потсмеваат

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нека не се грижи за АРМ. Ако толку им беше грижа, имаа време од десет години да ја опремат, осовременат и да ја модернизираат одбраната. Но, за време на нивното владеење единственото нешто за што им беше грижа беше како да ја засилат полицијата за да може да изградат бедем околу нивната криминална влада, незаконски да прислушуваат, да следат и да заплашуваат.

Ние објавуваме за набавки на гуми за армиските возила и за обувки за војниците токму затоа што во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ такви набавки не се ни вршеле. Таква состојба наследивме, оттаму и почнавме.

Но, да ја потсетиме партијата ВМРО-ДПМНЕ чие довчерашно раководство половина е во притвор, а половина во бегство од правдата, дека ние го зголемивме и буџетот на одбраната за 15 проценти, ги зголемивме платите за 10 проценти, а идната година за уште 5 проценти, го вративме плаќањето на дежурствата, ја вративме јубилејната награда, во рекордно време изготвивме Стратешки одбранбен преглед. Од безнадежен случај, земјата за една година ја доведовме на прагот на НАТО. Што направивте вие господа додека бевте на власт?

Јасно е дека не се истакнавте ни во оваа сфера, како ни во останатите, а сега се гледа и зошто. Додека јавноста е вџашена од вртоглавите суми од повеќе десетици милиони евра кои се изнесувани од државата од страна на ваши видни членови во претходната власт, измислувате приказни со цел да ги задушите вестите за оваа пљачка без преседан во македонската и во европската историја. Оттука, и вашето потсмевање со набавените гуми за армиските возила е само уште една демонстрација на арогантен однос кон припадниците на АРМ кои ја делат судбината со останатите граѓани на земјата што ја опустошивте“, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски