Ленче Ристоска избрана за обвинител за врски во Еуроџаст

Од:

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска е избрана за прв обвинител за врски од Македонија во Единицата за судска соработка на ЕУ – Еуроџаст (Eurojust). Таа ги презела должностите на 12 ноември. Како што се наведува во соопштението, нејзиното назначување е важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право.

Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.

Од 2008 година, Еуроџаст воспостави посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан. „Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.Во изминатите 10 години, обвинителите од различни земји од ЕУ и од Македонија заеднички работеле на поголем број случаи за проневера, измама, шверц на дрога и шверц на мигранти.

Ристоска од 2015 година е дел од тимот во СЈО.

Би можело да ве интересира

Бесими: Овде нема расправа, усвоен е отказот на Ленче Ристоска

Савески жали за одлуката на Ристоска, очекувал од неа значаен придонес

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Савески ги редефинира овластувањата – Ристоска повеќе нема да постапува по „Талир“

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Ристоска за политички влијанија

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски