Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека конкурентната природа и големата непредвидливост на англиската Премиер лига обезбедиле најголем предизвик во неговата кариера досега.
Пред да пристигне во Манчестер Сити, Гвардиола има три шампионски титули на Шпанија, две победи во Лигата на Шампионите со Барселона, по што се пресели во Баерн Минхен и му донесе на клубот три последователни титули во Бундеслигата.
Но Каталонецот признава дека по пристигнувањето во Премиер лигата во 2016 година требал да придодаде цела низа на нови квалитети, како и бил принуден да се соочи со згусната програма од натпревари, како и со конкуренцијата на барем пет кандидати за титулата.
– Јас сум подобар тренер од оној Гвардиола, кој бев во Бундеслигата. Јас сум подобар менаџер од она што бев во Барселона, дури и само поради фактот дека пристигнав тука. Сега се чувствувам како подобар менаџер и затоа научив да се справувам со оваа неверојатна лига при многу околности, кои се појавуваат од секаква ситуација. Тоа е најтешката лига, со најсериозни кандидати, со многу собрани квалитетни фудбалери, изјави Гвардиола за време на предавање на Универзитетот на Ливерпул.