(ВИДЕО) Мета: Денеска е ден за славење, за бегството на Груевски веќе одговоривме

Од:

Денеска е ден за славење, за бегството на Никола Груевски веќе одговорија нашите власти, е одговорот на албанскиот претседател, Илир Мета, на прашање дали е замешана власта во Албанија откако тамошната полиција излезе со соопштение дека Груевски со дипломатско возило на унгарска амбасада ја напуштил државата откако претходно влегол илегално.

„Имаме голем празник денеска тука во Скопје и имаме една позитивна тема. Мислам дека за таа работа албанските институции веќе одговорија, но и јас одговорив“, рече Мета.

Тој претходно во интервју за албански медиум кажа дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање што треба да им се постави на соодветните одговорни органи додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна. Дел од медиумите во Албанија објавија дека и Мета е вмешан во бегството на поранешниот премиер.

Мета е во посета на Скопје на одбележувањето на Денот на албанската азбука и 550 години од постоењето на Скендербег.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија