ССНМ ќе доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Синдикатот ја воспоставува годишната награда, тргнувајќи од премисата дека демократско општество кон кое Македонија се стреми е можно само доколку новинарството се третира како јавно добро, како инструмент преку кој власта е под постојана контрола и преку кој се заштитува јавниот интерес, наведува самостојниот синдикат.

ССНМ истакнува дека медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството.

Самостојниот новинарски синдикат ги повикува сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува ова признание кое сметаме дека ќе биде не само поттик за медиумот, туку и за новинарите и медиумските работници.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми – континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 7 декември, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на [email protected] или на Фејсбук страната на ССНМ (https://www.facebook.com/Sindikatnanovinari/).

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми – МИМ, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute oд Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост-  Справување со лажните вести“, поддржан од Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите