Во Македонија денеска се одбележува 22 ноември, Денот на албанската азбука. На централната прослава вечерва ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Претходно е планирана заедничка прошетка во 14 часот низ Старата скопска чаршија на претседателот на Република Албанија, Илир Мета и претседателот на ДУИ, Али Ахмети во придружба на претседателот на Собранието, Талат Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.
Прошетката по Старата чаршија во Скопје, ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег.