Тони Надал: Федерер тешко ќе освои нова Гренд слем титула

Од:

Чичкото и веќе поранешен тренер на Рафаел Надал – Тони, смета дека 37-годишниот Швајцарец, Роџер Федерер тешко ќе освои нова Гренд слем титула.

На почетокот на годината, Федерер го освои Отвореното првенство на Австралија за рекордна 20-та титула од „големата четворка“ во кариерата. Потоа Федерер за трета година по ред го пропушти „Ролан Гарос“, на „Вимблдон“ отпадна по драматичен дуел со Кевин Андерсон, а на Ју Ес Опен претрпе шокантен пораз во четири сета од Австралиецот Џон Милман во осминафиналето.

– Не сум сигурен што можеме да очекуваме од 2019 година, но изгледа тешко ќе видиме како Федерер добива нов Гренд слем трофеј. Сепак, морам да признаам дека сум го кажал тоа за него и во други случаи, а тој постојано ме изненадува, сподели Тони Надал во редовната колумна за „Ел Паис“.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски