Забрана за тешки моторни возила на Плетвар и Стража поради обилни врнежи од снег

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот.

Денес во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег.

Забрана за движење на тешки моторни возила е воведена и на планинскиот превој Стража, поради обилни врнежи од снег. Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила, информираат од АМСМ.

Од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возило поради обилни врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка