Во Иновативниот центар на Факултетот за електротехника и информатички технологии денеска ќе биде одржана информативна сесија за можности за започнување на сопствен бизнис и поддршка на мали и средни претријатија, старт-ап и спин-оф компании.
На информативната сесија ќе учествува претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, како и деканите на Машинскиот факултет Дарко Данев, на ФИНКИ, Иван Чорбев и продеканот за наука и меѓународна соработка на ФЕИТ, Владимир Дончев.