Стартап „Trident Peak“ се пласираше меѓу 8-те најдобри на Светскиот инвестициски форум за бизнис ангели

Од:

Македонскиот стартап „Trident Peak“ се пласираше меѓу 8-те најдобри старт-ап од целиот свет на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и ќе почне преговори за идни инвестиции со глобалните инвеститори присутни на Форумот.

Привилегија да бидат дел од овoj светски настан годинава имаа и осум стартапи од последната генерација на „Сивус Акцелератор“ меѓу кои се ЕnRoute, SiMaind , Challenger, Разговор.мк , Trident Peak, Go Easy, Nsight solutions, Swift Data. Тие заедно со 60 стартапи од целиот свет имаа можност да ги презентираат своите бизниси пред многубројните светски инвеститори и бизнис ангели.

И годинава, форумот обедини на едно место стартапи бизнис ангели, менаџери на фондови и берзи, корпорации со цел размена на искуства и можности за соработка и инвестиции.

– Со учеството на вакви глобални настани „Сивус Акцелераторот“ не само што успева да презентира дел од македонските стратапите пред светската јавност, туку го позицинира македонскиот стратап еко систем како сериозен извор на идни успешни претприемачи со потенцијал за глобална експанзија и Македонија како земја во чии стратапи треба да се инвестира, се вели во денешното соопштение од „Сивус Акцеларатор“.

Сивус Акцелераторот е проект поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, во партнерство со Европскиот Фонд за Југоисточна Еврота (EFSE), #SwissEP и Startup Wise Guys Accelerator – водечкиот B2B стaрт-ап акцелератор во Европа.

Би можело да ве интересира

„CreatINNES“ – можности за поддршка на креативни бизниси и старт-апи

Ана Ололовска

Земјава да стане стартап хаб на Балканот, е пораката од првиот национален Стартап самит

Ана Ололовска

Стартап самит „Заеднички влијаеме“

Ана Ололовска

„Стартап Македонија“ со панел за лобирање за политиките за развој на македонскиот стартап екосистем

Жарко Настоски

Израелско „ноу-хау“ за домашните стартапи

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николиќ: Државата треба да ги олесни административните процедури, за оние што решаваат да почнат сопствен бизнис

Татјана Ташкова