Австрискиот тенисер Доминик Тим ја постигна првата победа во финалниот АТП турнир во Лондон, чиј награден фонд изнесува 8,5 милиони долари.
Шестиот носител на турнирот го совлада едно место пониско рангираниот во шемата Кеј Нишикори со 6:1, 6:4 за 84 минути игра, во меч од последното коло во групата „Лејтон Хјуит“.
Нишикори беше далеку од најдоброто ниво, кое го покажа при победата во два сета над Швајцарецот Роџер Федерер во првото коло. Тој имаше 41 неизнудени грешки, односно 20 повеќе од противникот.
Со поразот, Јапонецот загуби шанси да се пласира во полуфиналето, додека Тим треба да се надева на победа на Јужноафриканецот Кевин Андерсон над Федерер во последниот меч од групата, за да се пласира меѓу четворицата најдобри.
Андерсон е веќе сигурен полуфиналист со две победи по два натпревари.