Пред една година, по преживеан епилептичен напад, Цаци, беше дијагностицирана со Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, од левата страна на главата. По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија резултатите упатуваа кон позитивен исход.
Меѓутоа на последниот преглед, туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина. Потребна е втора брза хируршка интервенција, која повторно ќе се одржи во Скопје, Македонија.
Поради тоа што ова е еден од најагресивните форми на канцер, единствената шанса е лекувањето во специјализираната клиника на универзитетот во Тексас – MD Anderson Cancer Center каде што проценката за нејзиното лекување е околу 200,000 долари.
Ве замолуваме сите кои што можете, заедно да и помогнеме на Цаци да ја победи болеста, затоа што нејзината борба е и наша борба.
Донации може да се вршат преку GoFundMe и преку сметката за Цаци на Стопанска Банка со број 200003381608851.