Уредникот на „Капитал“, Љупчо Зиков за словенечкиот магазин Finance, со пофални зборови за проектот „Скопје 2014“, пишува дека чини 500 милиони евра, и дека е тоа нешто најубавото што му се случило на Скопје.
„Многу од моите пријатели од Балканот, од Европа и од САД за време на посетата на Скопје, изјавуваат дека тоа е градот во овој дел на Европа, што се соочува со најбрзи промени. „Ако сте биле овде лани, оваа година веќе не е исто“, пишува уредникот на Капитал.
„Главниот град Скопје се менува многу брзо! Некои велат дека тоа е кич, некои дека е израз на фрустрација. Во центарот на Скопје создаваме мал ринг – Скопје 2014. На централниот плоштад се издигна Александар Велики на Букефал. Околу него, македонската фаланга со штитови, на кои е врежано сонцето со 16 зраци (Ѕвездата од Вергина), пишува Зиков, иако на штитовите всушност има само осум зраци.
„Со овој симбол на знамето и штитот, Александар го освои светот и се вгради во темелите на македонската култура и вредносниот систем, а со него го порази Вавилон. Тоа сега предизвикува хемиска реакција, кај Македонците за истото чувство на слобода“, пишува Зиков.
Понатаму на плоштадот се издига нова зграда, хотелот Мариот. Следната година ќе биде отворен, но покрај него ќе се изгради уште еден хотел во сопственост на Димитрис Кондоминас, најбогатиот Грк. Апсурдно, но вистина. Неговиот објект ќе биде само 50 метри од споменикот на Александар. Нели е чудно тоа? Но, не заборавајте дека Вардар се влева во Егејското Море во Солун или, како што Грците со францзите го преименуваа Тхесалоники“, наведува Зиков во словенечки Finance.
Тој понатаму вели дека Скопје и брегот на Вардар фасцинираат со новиот изглед посочувајќи на двата брода што се градат кои ќе бидат два луксузни ресторани. Според него, во последните пет години точно се изградени 15 нови згради, во еден софистициран дизајн кој драматично го менуваат ликот на градот. Набројува дека се градат и повеќе од 20 катни гаражи.
Според Зиков, познати двокатните автобуси на градот му дадоа посебен шарм што потсетувал на Лондон.
„Тоа изгледа убаво. На левиот брег на реката се крева нашиот Акропол, што е подобар од грчкиот, кој беше урнат. Симбол на градот веќе е зградата на Уставниот суд на Република Македонија, која е голем археолошки музеј на Македонија, каде се поврзани пет илјади години цивилизација на животот овде!
Артефакти, од кои боли глава! Грците се без зборови. Во непосредна близина на Уставниот суд и хотелот со 5 ѕвезди, кај Камениот мост, е Музејот на револуционерна борба“, пишува уредникот на Капитал.
Ова, драги Словенци е магијата на градот. Проектот беше спроведен во последните пет години и чини околу 500 милиони евра, наведува Зиков според кого проектот е резултат на грчкото вето и непримањето на Македонија во ЕУ и НАТО.
Зиков за Finance пишува дека проектот ќе биде завршен во 2014 година, но и дека на локалните избори во март ќе победи владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
Тој раскажува и за „бројните странски инвеститори во земјава“, но и за како што вели „големиот пријател на Македонија“, индискиот милијардер Субрата Рој кој според него за хотелот и терени за голф во Охрид ќе инвестирал 300 милиони евра