(ВИДЕО) Спасовски: Одговорноста е кај тие што не одредиле притвор за Груевски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата да го приведе експремиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари.

Тој рече дека размислува за одговорноста која треба да се бара кај судиите, кои, како што рече не одредуваат притвори за оние кои можат да избегаат.

„Замислете има притвор за тешка кражба, а за тешки кривични дела нема притвор. Полицијата работи врз основа на наредби од судот. Постојат мерки за обезбедување а тие ги обезбедува судот“, изјави министерот Спасовски.

Тој наглси дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.

„Но ова не е само за Груевски туку за сите лица. Законот за кривична постапка кажува како треба да се постапува со ваквите лица. Јас мислам дека ако следиме комуникации спротивно на закон како претходно, ќе имаме сериозен проблем. Го баравме Груевски во неговиот дом, ги проверувавме возилата. Доколку имаме налог ќе влеземе во секој објект. Врз основа на добиените информации, секако ќе постапуваме. Не очекувате веројатно да ставиме линк на плоштад и да ги споделуваме сите информации од истрагата со јавноста“, истакна Спасовски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ