Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Од:

5.628 лица лишени од слобода и 1.135 кривични пријави се досегашниот биланс на оперативната акција „Чистач“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува од септември 2024 година на целата територија на Македонија.

Акцијата ја спроведува Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, а е насочена кон сузбивање на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.

Според МВР, од почетокот на акцијата полицијата проверила и утврдила идентитет на 74.229 лица, а извршила 158.955 прегледи на лица, возила и багаж. Извршени се и 1.158 претреси на домови и други простории.

Од 1.135 поднесени кривични пријави, 88 се однесуваат на дела од областа на насилниот криминал, а 1.047 на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.

Во акцијата биле запленети марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА, како и оружје, пари, возила и мобилни телефони.

МВР соопшти дека биле спречени и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со дрога, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.

За дел од осомничените бил определен притвор, а во одредени случаи биле изречени и затворски казни, согласно одлуките на надлежните органи.

Од МВР најавуваат дека акцијата ќе продолжи и во наредниот период со координирани активности, акциски денови и засилени контроли низ државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка