ВМРО-ДПМНЕ: Дали министерот Филипче се води по максимата кој има пари ќе преживее?

Од:

„Здравството од ден во ден тоне откако СДСМ дојде на власт.

СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, функционираат и размислуваат по принципите на единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев.

СДСМ е партијата која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема, ги троши за богатење на нивни блиски луѓе.

Венко Филипче, најави префрлање на Детската кардиохирургија во Жан Митрев клиниката како јавно-приватно партнерство. Сега најави и здравствените услуги како ин витро оплодување, Итната помош и други дејности да преминат во приватното здравство или како што Филипче го нарекува јавно приватно партнерство.

Дали со овој чекор министерот за здравство сака да најави дека освен префрлување на здравствени дејности во приватен сектор каде услугите ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, ќе има и приватизации?

Дали министерот се води по максимата кој има пари ќе преживее?

Дали министерот работи на уништување на јавното здравство?

СДСМ беше и останува канцер во македонското здравство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин