Дорис Пак, претседател на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП), на својот твитер профил синоќа твитна дека ЕПП не смее да го толерира однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, спротивно на ставот на партијата.
mit #VMRO Parteivorsitzenden #Mitzkovski https://t.co/uNJ9JhV9Sk ist nicht hinnehmbar,dass 8 MPs der VRMO,die für Abkommen mit Griechenland stimmten,-d.h. für die europ.Zukunft des Landes-, jetzt bedroht+als kriminell beschimpft werden.EVP darf das nicht dulden!!
— Doris Pack (@pack_doris) November 7, 2018
„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да примаат закани и да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на Пак, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Хелсински, каде се оддржува Конгресот на ЕПП.
Синоќа во Вевчани се оддржа протест пред домот на пратеникот Крсто Мукоски, еден од осумтемната пратеници кои гласаа за уставните измени. За следните денови најавени се протести и пред домовите на другите двајца пратеници од овој регион, охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.