Милан Павков, херојот на Црвена звезда кој со два погодока го „сруши“ Ливерпул, изјави дека при постигнувањето на вториот гол не бил свесен што се случува.
Павков погоди во 22. И 29. Минута со удар од 30-ина метри.
– За првиот гол бев свесен, ама при постигнувањето на вториот не ми се веруваше во тоа што го гледам. Ја земав топката, добив идеја да шутнам и тоа е тоа. Беше тешко, но постигнавме историска победа. Сите сме се уште под впечатоци од натпреварот. Просто не можеме да поверуваме што направивме, потенцира Павков.
Со триумфот над Ливерпул, белградските „црвено-бели“ ги задржаа шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.