Баерн Минхен ќе игра без ветеранот Арјен Робен во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против АЕК, изјави тренерот на баварците, Нико Ковач.
– Робен нема да биде на линија за утрешниот натпревар, додека Хамес Родригез има проблем со мускулот на ногата и треба да почекаме за да дознаеме дали ќе биде во составот, прокоментира Ковач пред медиумите денеска.
Робен има проблем во коленото и се приклучи на соиграчите Кингсли Коман и Корентен Толисо, кои исто така го пропуштаат дуелот на „Алијанц Арена“.
Баерн ќе се пласира во осминафиналето на турнирот, ако го победи АЕК и во другиот натпревар од истата група, Ајакс победи против Бенфика.
– Се чувствуваме уверени, атмосферата во тимот е добра, најважно е што ќе се случи на натпреварот утре, рече уште Нико Ковач.