Гвардиола: Мечот со Шахтјор е како финале

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека тимот е фокусиран исклучиво на дуелот со Шахтјор во Лигата на шампионите и не размислува за претстојниот натпревар со градскиот ривал Јунајтед идниот викенд во Премиер лигата.

– Секој натпревар е од значење, секој натпревар има својата важност. Дуелот со Шахтјор во моментот е најважниот, бидејќи е следниот. Откако загубивме точки од Лион, сега секој дуел за нас е како финале. Имаме голема шанса да направиме сериозен чекор напред кон елиминациите. Потоа ќе имаме 3-4 дена, за да размислуваме за Јунајтед, смета Каталонецот.

Гвардиола потврди дека халфот Илкај Гундоган и дефанзивецот Николас Отаменди се здрави и ќе можат да влезат во игра против Шахтјор. Аут се Кевин Де Бруин и Елаким Мангала.

– Во моментов се чувствуваме поудобно дома отколку како гости. Претпочитам да играме на „Етихад“, отколку во Доњецк. За нас утре е финале, со кое ќе можеме да се доближиме до осминафиналето, заклучи Гвардиола.

Инаку, Сити е во серија од три порази дома во Лигата на Шампионите – од Базел (1:2) и Ливерпул (1:2) во елиминациите на турнирот во минатата сезона, и од Лион (1:2) во групната фаза во актуелнава сезона.
Манчестер Сити е лидер во својата група со 6 бода. Втор е Лион со 5, а трети и четврти се Хофенхајм и Шахтјор со по 2 поени.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска