ВИДЕО: Пронајдено тело под рушевините на зградите во Марсеј

Од:

Спасувачките екипи, полицијата и пожарникарите во францускиот град Марсеј под урнатините на двете згради утринава пронашле тело на еден човек. Акцијата на екипите за пребарување на рушевините и натаму е во тек, а започна вчера веднаш по уривањето на зградите.

Официјалните лица соопштија дека стравуваат дека најмалку осум лица се затрупани и се наоѓаат под рушевините на зградите.

Зградите од засега сè уште непозната причина се срушија во францускиот град, а при тоа беа повредени и две лица.

Уривањето на зградите предизвикало голем облак од прав, а на самото место на несреќата исто како и во текот на вчерашниот ден и денеска е забeлежано зголемено присуство на пожарникари и полицајци со кучиња трагачи, објавуваат медиумите.

На местото на несреќата има и граѓани кои ги чекаат резултатите од спасувачките екипи бидејќи во моментот кога зградите се срушиле нивни најблиски биле во нивна близина.

Под рушевините може да се забележат и затрупани автомобили.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Франција не е на патот кон мирот, но врши притисок врз Русија

Херцог го осудува вандализмот врз еврејските институции во Париз

Песков: Франција не ја разбира Русија ако мисли дека може да постигне нешто преку притисок

Откриена е педофилска мрежа во Франција, уапсени се 55 мажи, меѓу нив свештеник и медицинска сестра

Макрон бара одговор: Постои јасна закана од исламизација на Франција

А1он

Ле Пен повикува на востание