Уапсен Дон Лео, шеф на нарко банда од Колумбија

Од:

Полицијата во Перу уапси водач на колумбиска нарко банда, која во земјата влегла на крајот на јануари со лажен пасош, соопшти полицијата во Лима.

Хасинто Николас Фуентес Херман, попознат како Дон Лео, уапсен е вчера во дистриктот Мирафлорес, со помош на колумбиската полиција, изјави шефот на Перу, Раул Саласар.

Тој наведе дека Фуентес е на чело на нарко бандата Урабенос во колумбиската област Бахо Каука, која важи за упориште на екстремно десничарските паравоени формации.

Припадници на бандата Урабенос се бореа со други криминални групи за контрола над патиштата на дрога во Колумбија, од каде стигнува најголемата количина кокаин на пазарот на САД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор