Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ распиша јавен оглас за избор на директор и заменик на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители. Функцијата директор во моментов ја извршува судијката Анета Арнаудовска.
Кандидатите кои ќе аплицираат за позицијата на Арнаудовска треба да имаат најмалку осум години работен стаж како судии во судовите во земјава, во Уставниот суд, во меѓународен суд или пак најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител.
Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавување на одлуката за распишување на јавен оглас.
Судијата Анета Арнаудовска како судија на Основниот суд Скопје 1 Скопје во октомври 2006 година со одлука на Управниот одбор на Академијата беше именувана за директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија со мандат од четири години. Таа на 22 септември 2010 година беше резибрана на истата позиција.