(ВИДЕО) Ѓорчев до Заев: Од капитални инвестиции имате отворено само една сендвичара

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од говорницата му рече на премиерот Зоран Заев дека од капитални инвестиции имаат отворено само една сендвичара.

„Најлоши еконоски резултати, време е за разрешување. Имате најмногу министри, а убедливо најслаб економски тим во Владата и најлоши резултати во економијата, со само 27 проценти капитални инвестиции“, обвини Ѓорчев.

Тој рече дека во Македонија бројот на капитални инвестиции секогаш бил поголем, па и во периоди кога имало кризи.

„Замислете новинарите наместо 100 прилози да направат 27. Секогаш велите ќе се подобри, а бројките се влошуваат. Време е за разрешувања“, му порача Ѓорчев на премиерот Заев.

Ѓорчев праша зошто обвинителството и Министерството за внатрешни работи не преземаат ништо за полнењето кутии за време на референдумот. Пратеникот од говорницата упати прашање до Заев и што направиле за Албанците кои се разочарале од власта на СДСМ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции