(ВИДЕО) Хаос низ Европа: Снег, поплави и црвен метео-аларм

Од:

Европа ја зафати ладен бран. Во Франција падна снег, во Италија поплави, а невреме пустошеше и низ Балканот.

Снег падна во францускиот регион Оверњ-Рон-Алп и во соседните региони, јужно и западно од Лион, предизвикувајќи хаос на патиштата и прекини во напојувањето со електрична енергија за скоро 200 илјади домаќинства.

Во некои села и градови паднаа и 40 сантиметри снег, поради што стотина возила останаа заробени.

Околу 900 камиони во текот на ноќта биле блокирани, а неколку стотина возачи ги напуштија своите возила барајќи безбедно преноќивалиште.

Метеоролозите ги отфрлија критиките дека не предупредиле на време за снегот, наведувајќи дека укажале оти тие области може да бидат погодени од лошо време поради бура.

Во Италија во невремето што ја зафати изминативе два дена загинаа девет лица. Медиумите пренесуваат дека во шест италијански региони има црвен метео-аларм поради ветрови и силни дождови, а најзагорзени се Ломбардија, Венето, Лигурија и Абруко.

High water in Chioggia, Veneto, north Italy

High water in Chioggia, Veneto, north Italy (about 40 km south of Venice) yesterday, October 29. Report: @Protezione Civile Chioggia

Posted by Severe Weather Europe on Понеделник, 29 октомври 2018

Силените дождови и ветрови направија проблеми и во Словенија, главно на патиштата кои се блокирани поради паднати дрвја и мали поплави. Најтешко се очекува да биде по долината на реката Драва.

На североистокот на земјата е прогласен црвен метео-аларм, а граѓаните се повикуваат да преземат мерки против поплави.

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец најави дека ќе ги посети погодените градови.

Силни дождови, пропратени со грмежи ја зафатија и речиси цела Црна Гора, поради што во централниот и јужниот дел од земјата на сила е црвен метео-аларм.

Дождот предизвика штети на улиците на Подгорица и одредени приморски општини. Ветерот корнеше дрвја, а локалните жители објавија слики од огромни бранови кои ги потопија плажите.

Подобрување на времето, метеоролозите очекуваат вечерва.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Европа уште се бори со поплавите, најмалку 17 мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург