На популарната кинеска социјална мрежа „Сана вејбо“ (пандан на Твитер) се појави блог, што побрзо од државните медиуми ги објавува фотографиите на генералниот секретар на ЦК на ККП Си Џинпин од неговите посети низ земјата, пренесоа руските медиуми.
Фотографиите на блогот, чие име во превод значи „Да се учиме од Си“, се придружени од описи на местата кои партискиот лидер ги посетува. Се среќаваат снимки на кои Си Џинпин е заобиколен од многу луѓе или како одмора на седиште во минибус.
Во текстот, ставен на блогот на Централната кинеска телевизија, се изразува зачуденост како овој засега непознат корисник на Интернет успева да дојде толку блиску до партискиот лидер и да ги претрка со своите фотографии сите официјални медиуми.
Според податоците на администраторот на „Сана вејбо“ посочениот блог е создаден од жена од северозападната провинција Шенси.
Некои претпоставуваат дека сопственичката на блогот е блиска на партискиот лидер, но пред извесно време на „Да се учиме од Си“ се појавило објаснување дека тој се оддржува од обична чиновничка, која дури не е член на партијата.